fbpx

Се повлекува малку користената петилјадарка, се пуштаат банкноти од 200 и од 2.000 денари

-

На 15 декември, Народна банка ќе пушти во оптек две нови книжни пари во апоени од 200 и од 2.000 денари, а ќе ја повлече банкнотата од 5.000 денари.

Оваа одлука била усвоена на седницата на советот на Народна банка, а, како што велат, произлегла од потребата за „ребалансирање на постоечката апоенска структура на книжните пари во оптек.“

Во врска со повлекувањето на петилјадарката, Народна банка соопшти дека нивната примена во секојдневните трансакции била незначителна, а од неа немале голема потреба ниту банките. Наместо низ годините во оптек да се зголемува количеството на овие банкноти, тоа постојано опаѓало.

Воведувањето на двата нови апоени од 200 и од 2.000 денари, пак, е прва промена што се спроведува по период од 20 години.

„Ваквата одлука е донесена врз основа на истражувања и на анализи на сите постоечки фактори, при што се утврди дека постојат реални потреби за воведување на двата нови апоена. Воведувањето ќе овозможи зголемување на понудата на апоените што се на располагање при вршење готовински трансакции, а како секундарен ефект се очекува урамнотежување на побарувачката за одредени деноминации“, соопшти НБРМ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...