fbpx

Сè помал интерес за професијата полицаец

-

Вчера почна селекцијата на кандидатите што се пријавиле на огласот на Министерството за внатрешни работи за пополнување на своите редови со нови 600 полицајци. На конкурсот, кој беше распишан на 15 јули и траеше до 30 јули, се пријавија 3.972 кандидати.

kandidati za policajci 2

Ако се погледнат бројките на пријавени кандидати на конкурсите на МВР од претходните неколку години, впечатокот е дека се намалува интересот за оваа професија.

Имено, на огласот за прием на нови 300 полицајци во 2012 година, се пријавиле дури 7.597 кандидати.

На конкурсот една година подоцна, за нецели две недели се пријавиле 5.491 кандидат.

Лани, за место меѓу новите 600 полицајци, колку што се бараа на огласот, беа пријавени 2.622 кандидати.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Деновите од изборите ќе се одработат, учениците подолго ќе престојуваат во училиште

Министерството за образование и наука информира дека наставата од деновите на гласање - 24 април и 8 мај, како и од 30 ноември кога беше организиран Самитот на ОБСЕ...