fbpx

Се поголем број на граѓани пријавуваат до УЈП за неиздавање на фискални сметки

-

Управата за јавни приходи информира за неправилностите коишто од почетокот на мерката поврат на 15 отсто од пресметаниот ДДВ, граѓаните ги пријавуваат на бројот 198.

„Од 1 јули 2019 година, најзабележителни се пријавите за неиздавање на фискални сметки, како и за сметки коишто граѓаните не можат да ги скенираат. Најголем дел од пријавите се однесуваат на ресторани, маркети, мини маркети, колонијални продавници, фризерски студиа и друго. Некои правни лица се пријавувани и по повеќепати, а има и општини за кои граѓани тврдат дека речиси ниту едно правно лице не издава фискални сметки“, велат од УЈП.

Во соопштението се додава дека најмногу пријави за недоследности има на територијата на Скопје и тоа најчесто во општините Аеродром, Центар, Чаир и други.

„Во општина Аеродром на 198 граѓаните граѓани пријавиле неиздавање на фискална сметка во продавници за храна, фризирско студио, кафе бар и други, кадешто граѓани или не добиле фискална сметка или им била издадена невалидна.Во општина Чаир граѓани се пожалиле дека не добиле фискална сметка во слаткара, механичарски сервис, бутик и други. Во повеќе делови од Скопје пријавени се недоследности при издавањето на фискалните сметки од страна на механичарски сервис, гостилница, трафика, бутик, перална за автомобили и други. Во Тетово граѓанин дојавил дека му била издадена фискална сметка за купен телефон, а неколку граѓани пријавиле дека фискални сметки не издаваат бензиска пумпа, неколку маркети и кафе барови“, се додава во соопштението.

Од УЈП информираат дека се почести се јавувањата за купување на производи од продавници коишто своите производи ги нудат и преку интернет, најчесто облека за што на граѓаните нарачаниот производ им се доставува без да им биде издадена фискална сметка.

„Мерката поврат на 15 отсто од пресметаниот ДДВ е од корист и на граѓаните и на државата. Оваа мерка значително ќе помогне и во намалувањето на сивата економија“, додаваат од УЈП.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Потпишан законот за забрана на ТикТок во САД, доколку апликацијата не биде продадена

Американскиот претседател Џо Бајден денеска го потпиша законот со кој во САД се забранува апликацијата во кинеска сопственост ТикТок, доколку не се продаде на американска компанија во рок од...