Се поголем број на жени работат во ИТ-секторот

-

Ако дваесетина години одвај од пет до 10 отсто од вработените во ИТ-секторот биле жени, сега состојбите значајно се промените. Според Елизабета Најковска од „Мајкрософт“, во 2019 година овој процент изнесува од 40 до 45 проценти и постојано е во нагорен раст. Во истовреме, расте и интересот на девојките за работа во секторот, кој до пред некоја година беше „машки“.

-Токму поради тоа ја почнавме СТЕМ програмата, преку која сакаме да ги мотивираме девојчињата да влезат во оваа програма, да знаат дека не е само за машки и не е нешто далечно. Тие се веќе „диџи“ девојчиња, користат мобилни телефони и лаптопи, но сакаме да ги насочиме што повеќе да работат во овој сектор“ изјави Најковска.

Денеска млади девојки во Штип беа поканети да ги слушаат советите и животните приказни на жени од овој сектор, кои докажале дека „таа“ го заслужува битното место во ИТ-светот.

На настанот во Штип се обратија неколку жени од ИТ-заедницата од Македонија.

Нина Николиќ од Швајцарската програма за претприемништво рече дека преку успешните приказни сакаат да ги инспираат девојчињата да размислуваат за свој бизнис во овој сектор. Николиќ вели дека полека се менува и перцепцијата за овој сектор.

„Многу врати сега се повеќе отворени, се’ е до начинот на кој размислуваме. Доколку мислиме дека нешто ни е пасија и треба да одиме натаму, вратите сами ќе ни се отворат“, рече Николиќ.

Караванот на „DigiGirlz“ денеска беше во Штип. Целта е да ги внесе овие млади девојчиња во кодирање, програмирање, иновација во креирањето и стимулирањето на нови ИТ-идеи со цел да се зголеми нивното учество во овие професии.

Владата ќе ги оценува медиумите и новинарите дали објавуваат позитивни, негативни или неутрални вести

Владата преку тендер бара фирма која ќе треба да изработи софтвер за оцена на медиумското влијание, со претходен мониторинг на сите медиуми, вклучувајќи и онлајн и печатени медиуми, како и социјалните...

Новото аниме од серијалот Вичер насловено „The Witcher Sirens of the Deep“

Нетлфикс неодамна го издадоа новиот аниме серијал од универзумот на „The Witcher“ со наслов „The Witcher Sirens of the Deep“, коешто не се сложува целосно со приказните од книгите. Имено, анимето е...

Трошоците на градоначалниците од Полошкиот регион: Над 47 илјади евра за патни трошоци и службени патувања за само три години

Градоначалниците на општините од Полошкиот регион од 2022 до 2024 година за патни трошоци (гориво, патарини) и службени патувања потрошиле вкупно 2.946.717 денари или над 47 илјади евра. Порталб.мк преку Законот...

МВР го приведе, па го пушти на слобода насилникот кој крвнички тепаше жена

Откако стана вирално видеото на кое се гледа и слуша како маж на лајв стрим на ТикТок тепа жена, Министерството за внатрешни работи го приведе насилникот, за кој е потврдено дека...

Владата ќе ги оценува медиумите и новинарите дали објавуваат позитивни, негативни или неутрални вести

Владата преку тендер бара фирма која ќе треба да изработи софтвер за оцена на медиумското влијание, со претходен мониторинг на сите медиуми, вклучувајќи и онлајн и печатени медиуми, како...