fbpx

Се подготвува нов закон за обесштетување на стечајците

-

Со нов закон ќе се обесштетуваат стечајците кои не биле опфатени со досегашните закони. Министерството за труд и социјална политика денеска на Единствениот национален електорнски регистар на прописи објави известување за почеток на процесот за подготовка на Предлог на Закон за материјално обезбедување на невработените лица поради приватизацијата на претпријатијата со доминантна сопственост на државата.

„Со новиот закон се овозможува материјално обезбедување на лица на кои им престанал работниот однос по основ на стечај, ликвидација или технолошки вишок во периодот од 1 јануари 1993 до 3о јуни 2019 година во претпријатија со доминантна сопственост на државата или по нивна приватизација, доколку не го промениле единствениот матичен број на субјектот, а во случај на промена истите да произлегуваат од претпријатието со доминантна сопственост на државата“, стои во образложението.

Целта на законот, според предлагачот, е материјално да се обезбедат лицата „кои со претходните законски решенија имале возраст помалку од 52 години (жена), односно 55 години (маж), како и лица на кои им престанал работниот однос во периодот од 1 јануари 1993 година до 30 јуни 2019 година“.

Текстот на новиот закон треба да биде готoв до 25 август.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Зеленски не ја вовлече Украина во војна

Украина не е таа која сака војна, ниту, пак, украинскиот претседател Зеленски ја вовлекол земјата во војна, како што неточно тврди објавата. Русија ја нападна Украина, а таа има...