fbpx

Се подготвува национална стратегија за намалување на загуби и отпад од храна

-

Денеска, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски, беше дел од консултативна работилница за формулирање на стратегија за намалување на загубите и отпадот од храна во Македонија.

Честопати државата е ставена на листата на рекордери во загуби на храна и отпад, а истовремено се соочува со проблем да обезбеди доволно храна за ранливите социјални категории. Бројките покажуваат дека 460.000 жители во нашата држава немаат постојан пристап до храна.

Македонија заедно со Албанија, Ерменија и Молдавија е дел од овој регионален проект на Организацијата за исхрана и земјоделство (ФАО), кој на национално ниво, им помага на земјите во развивање и спроведување на национални стратегии за намалување на загубите и отпадот од храна, прилагодени на специфичните потреби земјата и усогласени со релевантното законодавство, национални стратегии и политики за земјоделство, безбедност на храната, ублажување на климатските промени, итн.

„Околу 30 проценти од храната произведена или увезена во Македонија никогаш не се консумира, бидејќи се расипува веднаш по берењето, во текот на транспортот, или како фрлена храна од големите трговски синџири и потрошувачите,” потенцираше министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски.

Глобалната цел на Обединетите нации за намалување 50 отсто на отпадот од храна до 2030, придонесе голем број земји да преземат активности за намалување на отпадот од храна и искористување на храната за донација на најзагрозените категории население, што би придонело во голема мера во борбата против сиромаштијата и гладот. Овој регионален проект е дел од сеопфатната програма за намалување на загубите и отпадот од храна во регионот, со која управува Регионалната канцеларија на ФАО за Европа и Централна Азија (FAO-REU), под капата на Глобалната иницијатива за загуба на храна и намалување на отпадот од храна –зачувај храна.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

По вторпат транспортирано лице со мозочен удар од Унгарија со полициски хеликоптер

Лице со мозочен удар денеска беше превезено од Уггарија во земјава со полициски хеликоптер на МВР, опремен со потребна медицинска опрема за таков лет. Ова е вторпат да се...