Првата библиотека на плажа се отвора утре, на Градската плажа во Дојран.

Посетителите, љубители на пишаниот збор, бесплатно ќе можат да читаат и да уживаат додека се на плажа.

Библиотеката ќе ја отворат градоначалникот на Општина Дојран, Борче Стамов, како и Дејан Павлески, првиот човек на Клуб „Матица“.