Се очекува повеќе дожд во Шпанија, илјадници без пристап до храна и вода

Дополнителни 500 војници беа пратени на терен, кои помагаат при активности како пумпањето на вода надвор од патиштата, за да се овозможи снабдување на регионот со храна и вода

-

Се очекува повеќе дожд во источна Шпанија, која сè уште се справува со катастрофалните последици на вчерашната поплава, која е најлошата поплава во државата со децении, пренесува Гардијан.

Бројот на загинати се искачи на 158, додека бројот на исчезнати лица сè уште не е познат.

Националната метеоролошка агенција АЕМЕТ предупреди дека има голем ризик од дополнителни врнежи и бури во четири провинции во државата, меѓу кои и Валенсија.

„Испраќаме јасна порака. Метеоролошката вонредна состојба не е завршена. Невремето сè уште продолжува во Шпанија“, напиша агенцијата на социјалните мрежи.

Регионот околу Валенсија, Шпанија, фотографиран на 8 октомври 2024 и на 30 октомври 2024 | Фото: Европска вселенска агенција

Денес беа ангажирани дополнителни 500 војници да помагаат во спасувачките мисии во државата, откако претходно беа пратени на терен 1.000 војници. Министерката за одбрана  Маргарита Роблес изјави дека е подготвена да прати уше војници доколку е потребно.

„Спасувачките мисии вклучуваат помагање да се извлечат луѓе кои се наоѓаат во подруми или на пониските катови – за жал ги има многу. Исто така се помага при испумпување вода од патиштата за да се овозможи транспорт, за да се овозможи храна и вода да стигнат до местата на кои им треба“, изјави министерката Роблес.

Ситуацијата и понатаму е страшна во многу од погодените области. Илјадници немаат редовен пристап до вода или храна. Водата однесе многу мостови, што значи дека спасувачките мисии сè уште не успеваат да стигнат до многу од погодените региони.

Валенсиската општина Алфафар е останат речиси целосно отсечен. Градоначалникот Рамон Адсуара вели дека не видел војници или полицајци од националната полиција. Наместо тоа, локалното население и локалната полиција се обидува да се справи со ситуацијата.

„Ние сме заборавени. Има луѓе кои живеат со мртви тела во своите домови, ова е навистина тажно. Моравме да испразниме супермаркет за да дистрибуираме храна до населението. Ве молиме, бараме помош. Ни снема сè“, изјави градоначалникот Адсуара.

Нема зголемување на платите на функционерите, одлучи Владата

Нема да растат платите на именуваните и избраните лица, судиите, членовите на судскиот совет, јавните обвинители и членовите на советот на јавните обвинители и истите, преку интервенција во коефициентите за пресметка...

[Интервју] Фидиас Панајоту: Како млади да ја преземеме иднината во свои раце, подобро од возрасните разбираме како се развива светот

Порталб.мк подготви поинакво интервју од Европскиот парламент во Стразбур, каде разговараше со најинтересните европратеници. Еден од нив има 24 години и доаѓа од Кипар. Тој е инфлуенсер и јутјубер со над...

На Меѓународниот ден на човековите права, пуштена во употреба играта „Навигатор“

Делегацијата на Европската Унија во земјава и Јуроп хаус, во партнерство со Обединетите Нации и Министерството за образование и наука (МОН), и во соработка со гејминг здружението Галактик Омнивор и Македонското...

Агелер за „црната листа“: Ако ние можеме да ги собереме доказите, тогаш можат и македонските институции

САД направија уште еден значаен чекор во борбата против корупцијата со тоа што ги назначија поранешниот заменик-претседател на Владата, Артан Груби и судијата на Апелациониот суд, Енвер Беџети за вмешаност во...

Нема зголемување на платите на функционерите, одлучи Владата

Нема да растат платите на именуваните и избраните лица, судиите, членовите на судскиот совет, јавните обвинители и членовите на советот на јавните обвинители и истите, преку интервенција во коефициентите...