Се нижат успесите на Или Морина, наскоро ќе има своја математичка емисија на телевизија

Фото: Мета.мк

Математичкиот генијалец Или Морина, чија сторија ја објави Мета.мк во 36-тата епизода на „Шорткат“, наскоро ќе добие своја математичка емисија на втората програма на Македонската радио телевизија.

Тој веќе ја сподели со јавноста првата пилот емисија, а од септември, како што изјави за Мета.мк неговата мајка Имране, ќе продолжат снимањата и ќе следува цел серијал од околу 16 епизоди.

13-годишниот Или до сега своето знаење го пренесуваше преку неговиот Јутјуб канал, а и во директна комуникација подучуваше студенти од земјава и странство.

Претседателот Пендаровски го запозна математичкиот гениј Или Морина

Од објавувањето на сторијата за Или па до сега, младиот гениј имаше средба и со претседателот на државата Стево Пендаровски и со министерот за образование и наука Јетон Шаќири. Со нив разговараше за неговите успеси, но и за потребата од реформи во образованието, вклучувајќи адаптирана образовна програма која е неопходна за напредок на учениците кои веќе брилираат во одредена наука.

Или Морина, како што веќе објави Мета.мк, своето образование ќе го продолжи во приватно училиште.

Математичкиот гениј Или Морина доби целосна стипендија за своето образование да го продолжи во интернационално училиште