fbpx

Се менува структурата на извозот: Стануваме извозници на делови за возила и мебел

-

Учеството на новите странски компании во земјава во вкупниот извоз во изминатите години постојано се зголемува, достигнувајќи 53,2 отсто од вкупниот извоз на стоки во првите шест месеци на 2018 година, покажува анализата на Народната банка за влијанието на новите компании со странски капитал ориентирани кон извоз врз промената на структурата на надворешнотрговската размена.

Во структурата на извозот на новите капацитети во домашната економија покажува дека првенствено преовладуваат две категории производи. Ова се однесува на производите на хемиската индустрија и опремата и машините, кои опфаќаат околу 90 отсто од нивниот извоз.

„Но, во последните две години, се издвојуваат и други категории производи коишто бележат сè поголемо учество во извозот на овие компании, што изнесува околу 9 отсто, во просек, а се однесува на возилата и мебелот. Ваквите поместувања имаат соодветни влијанија и врз вкупната структура на извозот на стоки од домашната економија во странство. Имено, во 2007 година, во рамките на извозната структура преовладуваше извозот од традиционалните извозни дејности, односно металопреработувачката, текстилната и прехранбената индустрија, со учество од близу 70 отсто од вкупните извезени стоки“, се вели во анализата.

Од Народната банка додаваат дека од 2010 година, па наваму, влезот на новите директни инвеститори во домашната економија поттикна процес на преструктурирање на производството, а со тоа и на извозот и ориентацијата кон производи со повисок степен на обработка, односно со повисоко ниво на софистицираност.

Така, извозот на традиционалните дејности се сведе на околу 26 отсто, додека моментално преовладува извозот на новите индустриски капацитети, односно извозот на опрема и машини и на производи на хемиската индустрија, со заедничко учество од околу 45 отсто во вкупниот извоз за 2017 година (3,4 отсто во 2007 година), а воедно расте и учество на извозот на мебел и возила, коешто во 2017 година достигна 8,5 отсто за двете категории (1,8 отсто во 2007 година).

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

СЕММ ги награди најдобрите стории на тема „Факти и дезинформации за човековата околина“

Видео-сторијата за илегалната сеча на шумите на Јабланица, долж границата со Албанија е првонаградениот новинарски труд на повикот на Советот за етика во медиумите на Македонија на тема „Факти...