Министерството за образование и наука доделува 20 стипендии „Борис Трајковски“, за студии од втор циклус за МБА програма со двојна диплома од Универзитетот Јорк и Универзитетот во Стразбур, која се реализира во Солун, Република Грција.
Стипендиите се доделуваат под покривителство на Кабинетот на Претседателот на
Република Северна Македонија и се однесуваат за академската 2024/2025 година, за
насоките општ менаџмент, маркетинг, финансии, менаџмент во логистика,
менаџмент во здравство и менаџмент на човечки ресурси.
Вредноста на една стипендија е 14.890 евра и ги покрива трошоците за уписнина.
Половина од средствата, односно 7.445 евра ги обезбедува македонската Влада преку
Министерството за образование и наука, а останатата половина Сити Колеџ – Европски
кампус на Универзитетот Јорк.
Патните трошоци, сместувањето и другите дневни трошоци се на товар на кандидатот.
Сите дополнителни информации се објавени на следниот линк а крајниот
рок за аплицирање е 13 септември 2024 година.