Се дистрибуираат учебниците изработени согласно новата Концепција

Фото: Министерство за образование и наука (МОН)

Вчера започна испораката на новите учебници за прво, второ, четврто и петто одделение во основното образование и истата ќе се заокружи во следните две недели, информираат во МОН. Ова се учебниците кои се направени согласно новата Концепција за основно образование. Наместо нив, досега во првото тримесечје учениците користеа наставни материјали.

„До крајот на овој месец ќе биде завршена дистрибуцијата на 70 oтсто од учебниците за овие одделенија. Станува збор нови учебници изработени согласно нови наставни програми и напишани на сите јазици на кои се изведува наставата во основните училишта во државата – македонски, албански, турски, српски и босански јазик“, информираат во МОН.

Оттаму најавуваат дека откако ќе заврши дистрибуцијата, ќе продолжи печатењето на повеќе нови учебници за средното стручно образование.