Се чека ред за книга во библиотеката „Григор Прличев“ во Охрид

Граѓани чекаат ред пред библиотеката „Григор Прличев“ во Охрид / Фото: Мета.мк

Библиотека „Григор Прличев“ и во овие летни ковид времиња е посетена од голем број читатели. Невообичаено за библиотеките, во Охрид се чека ред за враќање и позајмување книги како да сте пред шалтерите на некоја банка, пошта или друга институција.

Библиотеката во Охирд / Фото: Мета.мк

Библиотеката ги спроведува сите здравствени и превентивни протоколи и работните простории се дезинфицираат по два до три пати во денот, а вратените книги се третираат под посебен протокол.

До почетокот на септември библиотеката е отворена секој работен ден од 8 и 30 до 16 часот со пауза за дезинфекција на шалтерскиот и другите помошни простории во времето од 12 до 12 и 30 часот.