fbpx

Се будат старо-новите партии: ПДП, НДП, АПМ…

-

Во албанскиот политички блок се крчкаат две старо-нови партии. Едната е реформирана и реактивирана ПДП. Според Фатон Алити, син на починатиот лидер Абдурахман Алити, член на организацискиот одбор за возобновување на партијата, овој поранешен политички џин е во фаза на реорганизација.

– Многу скоро ќе го возобновиме тетовскиот разгранок, а подоцна, за една-две недели, ќе се избира ново раководство и во Скопје и во Гостивар. Свесни сме за сите проблеми и знаеме на што сме се нафатиле, но имаме желба и имаме луѓе за тоа – ни изјави Алити.

Во мирување, додека заврши аферата „Прислушување“, е и партијата НДП на поранешниот градоначалник на Гостивар, Руфи Османи, сега под раководство на Весељ Мемеди. Тој за новинската агенција „Мета“ вели дека централното раководство на партијата ќе одлучи кога ќе се врати партијата на политичката сцена.

Во интервју за „Слободен печат“, продолжување на политичката кариера најави и Љупчо Зиков, доскорешен претседател на Алијанса за позитивна Македонија (АПМ).

– Некои луге ќе одат во затвор, некои по ѓаволите. Некои на заслужен одмор. Ве уверувам дека позитивна Македонија ќе се случи, а Вие добро знаете дека Зиков има одлични идеи за Македонија. Има и луѓе. Се потврди и со мојата оставка. Ова беше само еден мал неуспешен обид. Идат добри времиња. Многу бргу – вели Зиков во интервјуто.

Како се продлабочува политичката криза и се зголемуваат шансите за предвремени избори, почнаа глава да креваат старите, речиси згаснати политички партии, се најавуваат нови, а живнуваат и фракции во постојните.

Таканаречената „амстердамска тројка“, односно Форумот на слободоумни патриоти, кој го предводи професорот Јове Кекеновски, составена од дипломатот Никола Димитров и поранешните заменици-министри во владата на Груевски, Владимир Лазаревик и Петар Димшоски, се најгласни во медиумската презентација.

Кекеновски, сепак, вели дека нема намера да формира нова партија, туку дека се бори за демократизација во ВМРО-ДПМНЕ.

– Форумот на слободоумни патриоти не е фракционерско дејствување, туку платформа за демократизација на партијата и тоа треба да биде поздравено и поддржано од сите прогресивни сили во државата и во партијата. Жално е некој во втората декада на 21 век барањето за демократизација на партијата да го прогласува за ерес – вели Кекеновски.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Деновите од изборите ќе се одработат, учениците подолго ќе престојуваат во училиште

Министерството за образование и наука информира дека наставата од деновите на гласање - 24 април и 8 мај, како и од 30 ноември кога беше организиран Самитот на ОБСЕ...