fbpx

Се бара компанија што ќе го гради новиот Клинички центар

-

Министерство за здравство го распиша тендерот за изградба на новиот Клинички центар на локацијата „Веле Поле“ во општината Ѓорче Петров. Се работи за комплекс објекти што ќе се градат на грин-филд локација, по модел „клуч на рака“.

Оние компании (и домашни и странски), кои ќе учествуваат на тендерот, треба да извршат проектирање, планирање и подготовка на документација, потоа изградба, опремување и управување со информациски систем, медицинска и немедицинска опрема. Исто така, треба да управуваат со трансферот и „преселувањето“ на Клиничкиот центар.

Во огласот за јавна набавка стои дека рокот за реализација е 90 месеци. Новиот Клинички ќе се гради со 500 милиони евра, пари кои ќе се обезбедат преку заем од „Рајфајзен банк“, „Ерсте груп“ и „Уни кредит банка“.

Министерот Венко Филипче, минатата недела на брифинг со новинарите рече дека изградбата на новиот Клинички центар ќе трае седум години.

-Изградбата ќе започне на почетокот на идната година. Првата фаза ќе биде готова за 3,5 години кога би се префрлиле некои оддели. Најпрво ќе профункционираат хируршките клиники, операционите сали и Ургентниот центар. Потоа ќе се префрлат клиниките за гинекологија, за педијатрија, па онкологија. Инфраструктурата ќе се плати со пари од буџетот. Ова е најважен капитален објект од значење за целата држава. Ќе има модерен начин на давање здравствена услуга, како што функционираат модерните држави. Сè ќе има во една зграда, сè ќе биде на едно место – рече Филипче.

Овој центар треба да ги опслужува граѓаните во наредните 70-80 години. Проектот е комплексен. Потребно е да се направи соодветна инфраструктура. Некои од градежните активности треба да започнат уште оваа есен.

Местото Веле Поле во Ѓорче Петров, се наоѓа близу обиколницата на влезот во Скопје, од правецот на Тетово. При изборот на локацијата беше важно таа да е транспортно пристапна, економски оправдана и достапна за граѓаните.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Носталгија по диктатори: Хусеин, Гадафи и Асад

Чест наратив на Кремљ е дека ирачкиот лидер Хусеин, либискиот Гадафи и сирискиот Асад биле големи патриоти и имале добри социјални политики, но дека биле жртви на американскиот империјализам,...