fbpx

Се анализира горивото од сопрените камиони наменети за цементарница „Усје“

-

Министерството за животна средина соопшти дека денеска на граничниот премин „Богородица“ се сопрени 11 камиони со гориво од отпад, кои биле наменети за Цементарница „Усје“ и дека се правела анализа.

Горивото од отпад RDF (Refuse derived fuel) цементарницата го користи подолго време, за што има дозвола, според важечките закони.

„Државниот инспекторат за животна средина во координација со Министерството за животна средина и просторно планирање и Царинската управа, извршија вонреден инспекциски надзор на 11 камиони со отпад (RDF) од Италија, чија крајна дестинација е Цементарница УСЈЕ која поседува дозвола за користење на RDF отпад како алтернативно гориво. Камионите се запрени на влез на граничниот премин Богородица. Вкупна количество на отпадот е 261 тон“, соопшти министерството.

По случаен избор од два камиона се земени мостри, а на другите камиони е извршен преглед. Земените мостри ќе бидат доставени до две лаборатории и тоа до Хемиската лабораторија на РЖ Техничка контрола, како и до Истражен центар за животна средина во Република Естонија.

Резултатите од анализите се очекуваат за околу десет дена, а сè до добивањето на резултатите камионите со отпад ќе бидат складирани под соодветен надзор.

RDF отпад се прави од биоразградливи (органски и синтетички) материјали и пластика што не може да се рециклира, а се користи како гориво во цементарници, фабрики за керамика, дури и во некои топлани. Ваквиот отпад, односно гориво, е дозволено и во ЕУ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Украинската одбрана соборила 84 руски воздушни цели

Ноќеска Русија изврши уште еден масовен воздушен напад врз украински објекти за гориво и енергија, соопшти украинската одбрана. Непријателот ја нападнал Украина со 60 беспилотни летала Шахед и 39 проектили...