Општинската организација на СДСМ од Кавадарци ја обвинува владејачката партија дека бара 17 автобуси да бидат наполнети со жени за присуство на годишното собрание на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, в недела, во Скопје.
– Соочени со силно „не“ од граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ врши притисок врз вработените жени во општинската администрација и во други државни институции во Кавадарци, да присуствуваат на партискиот настан во Скопје. Се прават списоци со вработени жени од кои се бара, по секоја цена, да ги полнат автобусите на Никола Груевски – се вели во соопштението на општинската организација на СДСМ од Кавадарци.
Оттаму апелираат жените да ги пријават притисоците.