fbpx

СДСМ: Заврши времето кога ВМРО-ДПМНЕ енормно се богатеше

-

Заврши времето на системско уништување на економијата од страна на ВМРО-ДПМНЕ, стои во реакцијата на СДСМ на прес-конференцијата на Христијан Мицковски за владиниот план за менување на даночната политика.

„Заврши времето кога мала група во раководството на ВМРО-ДПМНЕ енормно се богатеше, додека другите граѓани преживуваа. Политиките на ВМРО-ДПМНЕ во економијата ќе останат запаметени по катастрофалните штети што оваа партија ги нанесе врз економијата и на граѓаните. Криминалното владеење на ВМРО-ДПМНЕ затвори повеќе од 10.000 домашни фирми, турна 500.000 граѓани под прагот на сиромаштијата, а 180.000 граѓани преживуваа само со 40 денари дневно“, реагираат од СДСМ.

Според владејачката партија, воведувањето на праведен даночен систем, во кој тие што заработуваат повеќе ќе плаќаат повеќе од тие што заработуваат помалку, ќе го намали јазот на економската нееднкавост и ќе изврши корекција на неправедната распределба на доходот и на општественото богатство.

„СДСМ, преку новата влада што ја предводи ќе ги поправи штетите што ВМРО-ДПМНЕ ги направи во економијата. Преку зацртаните реформи, Владата предводена од СДСМ ќе обезбеди праведно оданочување, нови работни места и зголемување на платите, што ќе доведе до севкупен пораст на економијата и добро за сите граѓани“, стои во реакцијата на СДСМ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Светски ден на книгата: Расте поддршката од читателите за домашните автори

Светскиот ден на книгата, кој се слави секоја година на денешен ден, 23 април, претставува глобална прослава на пишаниот збор и цели да даде поддршка на писателите и на...