fbpx

СДСМ за заклучоците на ЕУ: Решавањето на политичката криза е можно само без Груевски

-

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија ги поздравува заклучоците на Советот на министрите на ЕУ, пишува во соопштение на СДСМ.

„Во заклучоците, Европската унија порачува дека приоритет за Република Македонија е да се решат системските проблеми со владеењето на правото, вклучително и во однос на прекршувањето на основните човекови права, независноста на судството, слободата на медиумите, корупцијата, изборите. Токму овие системски проблеми и злоупотребите на власта се основна причина за длабоката политичка криза. Решавањето на системските проблеми, деполитизацијата на државните институции, разграничувањето на партијата од државата, изборните реформи и создавањето услови за фер и демократски избори, прецизно наведени во заклучоците на ЕУ, може да се обезбедат само со преодна влада без Никола Груевски, која ќе ги организира следните избори“, пишува во соопштението на опозициската партија.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Израел возврати со напад врз Иран, Иран не планира да одговори

Израел утрово лансираше воздушен напад во близина на иранскиот град Исфахан, велат американски извори за Си-би-ес, а пренесува Би-би-си. Нападот доаѓа шест дена по нападот на Иран во Израел, кога...