fbpx

СДСМ: Во ВМРО-ДПМНЕ сите се Диме Спасов, затоа мора да ги спречиме!

-

„Никола Груевски и неговите соработници во ВМРО-ДПМНЕ, како Диме Спасов не смеат повеќе да ја водат државата, бидејќи ги загрозуваат животот и безбедноста на граѓаните. За какви неодговорни политичари станува збор покажува фактот што дополнителниот заменик-министер за труд и социјална политика, во чиј ресор се наши деца во градинките, дивееше пијан по улици и не чувствува одговорност сам да се повлече. А во ВМРО-ДПМНЕ никој не може да му побара оставка зашто цело тесно раководство е како него“, оценуваат од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија.

Од СДСМ додаваат дека Тодоров ја носи на совест смртта на малата Тамара, која поради негрижа не доби шанса да се лекува во странство. Сметаат дека Груевски со „фамилијата“ го носи на совест и Мартин Нешковски, кој беше претепан до смрт на денот кога ВМРО-ДПМНЕ славеше победа, како што посочуваат од СДСМ, на украдени избори. Потсетуваат и за случајот кога 73-годишен човек загина на улица од обезбедување на Сашо Мијалков.

„Последно од она што е познато, 22-годишно момче загина во сообраќајна несреќа од долгогодишниот шеф на обезбедувањето на Никола Груевски. За уште колку случаи на лудилото со кое владее ВМРО-ДПМНЕ јавноста не знае? Еве затоа, Диме Спасов е комотен и затоа за ВМРО-ДПМНЕ тоа што тој трескал по автомобили на граѓани кои можеле да бидат и деца е само материјална штета од 150 евра“, реагираат од СДСМ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...