fbpx

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски денеска го слават насилството и режимот, бранат насилници од 27 април

-

Од владејачката партија СДСМ реагираат на денешниот протест, на кој опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ и неколку други помали политички партии и организации од дијаспората побараа ослободување на осудените лица за крвавиот „27-ми април“. Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска на прес-конференција рече дека ВМРО-ДПМНЕ повторно се враќа на местото на злосторот, денеска ВМРО-ДПМНЕ предводена од Христијан Мицкоски повторно протестира за одбрана на насилството.

„Старо ВМРО-ДПМНЕ, стара песна остатоци од мрачното минато денеска излегоа на улица, го славеа насилството и режимот со истата хушкачка реторика, со истата насилничка кореографија од пред четири години и со прекршување на протоколите за заштита од ковид 19“, изјави портпаролката на СДСМ.

Таа додаде дека Христијан Мицкоски, Јанко Бачев, Димитар Апасиев, инсталациите на Никола Груевски денеска застанале зад насилството, зад осудените лица кои упаднаа во Собранието на 27-ми април за да спречат транзиција на власта и да ја погазат волјата на народот.

„На 27 април 2017, на крвавиот четврток, вооружени насилници упаднаа во Собранието и се обидоа да убијат пратеници, новинари и вработени во собраниските служби, тоа го виде целата домашна и меѓународна јавност. Крвави глави, тепани пратениците, под закана новинари, претепани пратеници кои завршија во кома, тоа се нечовечки дела на насилници. Насилници не се уставобранители и никогаш нема да бидат“, изјави Богданка Кузеска.

Од СДСМ сметаат дека Мицкоски денеска застанал на браникот на криминалот и насилството, и како поддржан од неговите соработници и извршители, Апасиeв и Бачев, Мицкоски ги реализира нарачките од неговиот ментор во Будимпешта, Никола Груевски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...