fbpx

СДСМ: Власта во заминување безобразно ги задолжува граѓаните

-

Власта на ВМРО-ДПМНЕ во заминување продолжува безобразно да ги задолжува граѓаните со нови долгови, обвинува СДСМ преку соопштение.

„Во текот на вчерашниот ден, избегнувајќи ја контролата од СДСМ, Зоран Ставрески на најбезобразен начин ги задолжи граѓаните на Македонија со нови 13 милиони евра. Ставрески го направи најочајниот потег и ги зголеми каматните стапки на државните записи и обврзници, само за да обезбеди што повеќе средства за „желботеките“ на неговиот кумашин, поранешниот премиер Никола Груевски, на товар на идните генерации. Со само две аукции и задолжувања, Ставрески реализираше 9 отсто од планираниот дефицит за цела 2016 година“, пишува во соопштението на СДСМ.

Од партијата велат дека ова задолжување е во пресрет на очекуваната одлука од Управниот суд по тужбата што преку дополнителниот заменик-министер Кире Наумов ја поднесе СДСМ, откако стариот состав на Државната изборна комисија го отрфли барањето за ставање вето на домашните задолжувања повисоки од раздолжувањата.

„Бидејќи до наредната аукција, според календарот, не доспеваат државни хартии од вредност за враќање, јасна е намерата на Зоран Ставрески овие пари да ги користи во предизборни цели. Ова е доказ за намерите на Никола Груевски, којшто се плаши и бега од фер и демократски предизборен и изборен процес“, велат од СДСМ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...