Социјалдемократскиот сојуз на Македонија објави дека Владата преку Службата за општи и заеднички работи склучила договор за набавка на вода за пиење во вредност од 100.000 евра без јавен оглас.

Фото: СДСМ

Договорот, посочуваат од опозициската партија, поради кризата со чиста вода за пиење во Гостивар, бил склучен со директно договарање со „Кожувчанка“, компанија која е сопственост на градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев.

Од СДСМ се сомневаат дека власта сака истиот принцип да го примени и со законот за Скопје 2028, со кој сака да предвиди набавки без тендери на кои, според нив, би фаворизирала свои блиски компании.

„Граѓаните се трујат и одат по болници, институциите молчат и доцнат со реакција. Ништо не функционира освен бизнис зделките на тендер патриотите, обвинуваат од СДСМ.