fbpx

СДСМ: Трајановски да изгради водовод наместо плоштад на ВМРО-ДПМНЕ

-

Наместо уредување на околината на партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ, еден милион и 377 илјади евра да се пренаменат за изградба на водовод во општината Шуто Оризари и да се воведе секојдневен бесплатен јавен превоз за студентите, предлагаат советниците на СДСМ од Град Скопје.

– Недозволиво е некои од граѓаните на Скопје да немаат пристап до чиста и здрава вода за пиење, а да се трошат еден милион и 377 илјади евра за уредување на просторот пред партиското седиште на Никола Груевски – изјави Дамјан Манчевски.

За предлог-одлуката за уредување на просторот кај седиштето на ВМРО-ДПМНЕ советниците треба да гласаат денеска.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Украинската одбрана соборила 84 руски воздушни цели

Ноќеска Русија изврши уште еден масовен воздушен напад врз украински објекти за гориво и енергија, соопшти украинската одбрана. Непријателот ја нападнал Украина со 60 беспилотни летала Шахед и 39 проектили...