fbpx

СДСМ: Тодоров ги користи здравствените работници за да правда бизниси

-

Никола Тодоров е соочен со кримнинална заднина на тендерите во здравството и затоа му се потребни медицинските работници, кои, наводно, ги праќал во странство за да ги обучи за опремата во кутии која служи за бизниси, но не и за граѓаните, обвини СДСМ.

„Последниот ревизорски извештај покажа дека е набавена медицинска опрема што отстаптува од потребите наведени во тендерите, дека власта доцни со плаќање на опремата, за што граѓаните плаќаат и дебели камати, дека набавена е скапа опрема за која нема просторни услови, ниту обучени кадри и дека на опремата што стои неискористена во кутии ѝ поминуваат гарантните рокови. Тодоров нема како да се оправда за потрошените милиони евра на граѓаните, па затоа лаже“, велат од СДСМ.

Од партијата велат дека Тодоров лаже и дека лекарите и медицинските работници можеле да применуваат методи од странство и самите медицински работници признаваат дека е невозможно да применат успешни странски искуства во катастрофалните здравстени услови во Македонија.

„Поради политиките на Тодоров, 80 отсто од времето лекарите го поминуваат пред компјутер и тастатура наместо со пациентот, а во Македонија умираат трипати повеќе новороденчиња од просекот на земјите од Балканот и од ЕУ! Тодоров ги изигра граѓаните дури и за нивните здравствени картички, платени пред неколку години. Во 2009 година им најави дека ќе бидат бесплатни. Во 2012 година им зеде по 250 денари за картичка. Им ги извади од тендерските лавиринти, по четири години, предизборно во 2016 година! Виртуелните инвестиции на Тодоров и на власта во здравството се реални инвестиции во џебовите „фамилијата“ на власт“, пишува во соопштението на опозицијата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Македонија гласа: Седми претседателски избори со седуммина кандидати

Денеска се одржуваат седмите претседателски избори во Република Северна Македонија, а за функцијата Претседател на РСМ се натпреваруваат седум кандидати. Со право на глас на Претседателските избори 2024 во Избирачкиот...