fbpx

СДСМ: Струмица беше заборавена од ВМРО-ДПМНЕ 11 години, Мицкоски да се извини

-

Мицкоски да им се извини на граѓаните за тоа што Струмица 11 години беше заборавена од ВМРО-ДПМНЕ, се вели во реакцијата на СДСМ на повикот на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, на протестен марш в недела во Струмица.

Од СДСМ додаваат дека „во отсуство на конкретни ставови, политики,  решенија, идеи, Христијан Мицкоски се обидува да ги направи граѓаните нервозни“.

„Македонија добива покана за членство во НАТО, и тоа за неколку денови, на следниот Самит на Алијансата.Обезбеден е датум за почеток на преговори за полноправно членство во ЕУ. Македонија е слободна и демократска во која се враќа правдата а граѓаните и нивните потреби се во центарот на вниманието.Платите растат, инвестициите се зголемуваат, повеќе пари завршуваат кај граѓаните, економијата се движи во вистински правец на раст и развој“, се вели во соопштението на СДСМ и се додава дека токму Струмица е пример за европски град и општина која не сака да се врати назад.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Гранатирани инфраструктурни објекти во Запорожје и Одеса

Руски проектили погодија индустриска инфраструктура во градот Запорожје, информира Регионалната воена управа на Запорожје, пренесува Укринформ. Утрово, руската армија лансираше балистичка ракета од привремено окупираниот Крим и врз инфраструктурен...