Социјалдемократскиот сојуз денеска ѝ го честиташе роденденот на ривалската, владејачка партија ВМРО-ДПМНЕ со видеозапис во кој главен протагонист е поранешниот министер за финансии, Зоран Ставрески.
Во видеозаписот се изнесени податоци за економската состојба на земјата, а поткрепени се со контрадикторните изјави од прес-конференции на Ставрески, како и со неговите реплики од „бомбите“, во кои тој за задолжувањата и за владината економска политика разговара со поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска.