fbpx

СДСМ: Одлуките на Уставниот суд ги диктира Груевски

-

Се потврди и она што СДСМ цело време го говори, дека едностраната одлука на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ за распуштање на Собранието со одложено дејство е неуставна. Денешната одлука на Уставниот суд го потврдува хаосот во редовите на ВМРО-ДПМНЕ што се пренесува и на послушничките институции, реагираат од СДСМ на денешната одлука на Уставниот суд.

„Пред три месеци, на 18 февруари Уставниот суд се прогласи за ненадлежен да одлучи за уставноста на одлуката за распуштање на Собранието со одложено дејство. Денес, Уставниот суд донесе сосема спротивна одлука. Како што Груевски ги менува ставовите така се менуваат и ставовите на Уставниот суд. Прво пратениците на власта гласаат за одлуки за одложено распуштање на Собранието, па ако некој друг им ги оспори одлуките Уставниот суд се прогласува за ненадлежен. Потоа самите претставници на власта кои гласале за таквата одлука си ја оспоруваат како неуставна, а Уставниот суд одеднаш се просветлува и сфаќа дека е надлежен и ја поништува таа одлука. На сите им е јасно дека зад одлуките на Уставен суд стои Никола Груевски“, пишува во соопштението на СДСМ.

Од партијата додаваат дека сè додека незаконски дадените аболиции прозведуваат правно дејство и ја спречуваат правдата, земјата е во политичка, но и во уставна криза.

„Аболицијата мора целосно да се поништи и ќе се поништи. Секој што го прекршил законот ќе одговара“, се вели во соопштението на опозициската СДСМ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...