fbpx

СДСМ: Очајни се обидите на Груевски со „акциони филмови“ да се брани од вистината

-

Никола Груевски ги потврди сите скандали поврзани за него и за неколкумина негови соработници и невешто се обиде да се правда за срамните потези што ја згрозија јавноста, реагира СДСМ на прес-конференцијата на премиерот Никола Груевски.

– Груевски потврди масовно незаконско прислушување на граѓани и ја потврди содржината на прислушуваните разговори од страна на УБК. Тој тоа го стори со убедувањето дека биле израз на човечки гнев изживувањето врз нечија судбина или запрепастувачките навреди кон новинари, сопартијци, кон политички противници. Од истите разговори, јавноста слушна и за местењето судии и обвинителско-судски одлуки, за монтирани политички процеси против неистомисленици, за масовно прислушување на повеќе од 100 новинари, за извештаи и анализи за новинари правени од УБК, но на сето тоа Груевски нема одговор и затоа тоа го одмолча. Груевски потврди дека тој нарачал снимање на  Заев во неговиот кабинет, а му се испушти и дека за наводни докази знае од Обвинителството, со што го потврди неговиот упад во правосудството и сторено кривично дело – реагираат од СДСМ.

Во соопштението на опозицијата пишува и дека  Груевски е исплашен дека граѓаните го видоа неговото лице и лицата на тесната партиска група што му помага да се држи на власт.

– Исплашен е и дека прашање на момент е кога соработниците ќе почнат да му го вртат грбот. Затоа на прес-конференцијата убедуваше да не брзаат со заклучоци и за наводни сценарија од коишто, наводно, тој ќе ја бранел Македонија. Граѓаните на почнаа да ја препознааваат вистината, а таа е една, дека на Македонија ѝ е потребна одбрана, но од Груевски и од неговиот братучед Мијалков. Очајни се обидите на Груевски со „акциони филмови“ да се брани од вистината. СДСМ е цврсто решен, „Вистината за Македонија“ ќе биде обелодета докрај – стои во реакцијата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...