СДСМ бара од Обвинителството и Министерството за внатрешни работи итно да ги идентификуваат и приведат лицата кои ги нападнале младите активисти во Ново Село.

„Единственото што го направија овие млади луѓе беше што носеа транспарент со порака дека водата во Гостивар е отруена. Одговорот на организираната криминална група ВМРО беше моментален: група тепачи, по наредба на Христијан Мицкоски, нападнаа млади луѓе. Мицкоски ја премина секоја граница. Бараме од полицијата и Обвинителството веднаш да реагираат. Обвинителството веднаш да ги пронајде насилниците што по налог на Мицкоски ги нападнаа младите во Ново Село. Вчера Обвинителството со молскавична брзина го пронајде оној што го навредил Мицкоски. Денеска очекуваме со истата брзина,“ изјави Кети Штерјова.

Од партијата тврдат дека во нападот учествувал и возач на градоначалник на Струмица од ВМРО.

На министерот Панче Тошковски му порачаа наместо да се занимава со хиперхлорирање, анализи на водата и пуштање на водата да истекува од цевките, да ја работи својата работа и уште денеска да ги пронајде насилниците и нивните налогодавачи.