fbpx

СДСМ обвини дека болните од дома си носат греалки во Општата болница во Охрид

-

Хаосот што Никола Тодоров и Никола Груевски го направија во здравството, наjочигледен е во Општата болница во Охрид, обвинија од СДСМ.

– Во повеќе одделенија во Општата болница во Охрид, како што се интерното, геријатриското и детското одделение, нема греење. Пацинетите се смрзнуваат и се оставени да се снаоѓаат како знаат и умеат. Тие мора сами да си донесат греалки за да си обезбедат минимум соодветни услови за својот престој. Ситуацијата е крајно драматична затоа што пациентите се соочени со крајно лоши и нехумани услови – велат во СДСМ.

Општата болницата години наназад ја тресат скандали, почнувајќи од нејзината екстремно скапа изградба, до немањето соодветен персонал, особено доктори специјалисти, несоодветните услови и грижата за болните.

Ваквите обвинувања, директорот на општата болница во Охрид, Љубен Арнаудов, ги оценува како лага и политичка манипулација.

Директорот Арнаудов посочува дека сите одделенија се загреваат еднакво, но поради тоа што дел од нив се наоѓаат во стариот блок, има одредени проблеми.

– Имаме режим на греење, наутро од 5 часот, а  попладне од 16-17 до 22 часот и тоа зависи од временските услови. Гледате дека времето е топло и дали е домаќински да се грее? Треба да се знае дека се наоѓаме во многу тешка ситуација и мораме одговорно и домаќински да планираме и да располагаме со финансиските средства во нашата болница – вели Арнаудов.

Тој признава дека во моментов нема услови болницата да се грае 24 часа, а на пациентите кои се жалат на студ, болницата им нуди сопствени грејни тела на електрична енергија и дополнителни прекривки.

Од СДСМ до медиумите испратија фотографии за кои велат дека ги добиле од пацинетите во болницата.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Деновите од изборите ќе се одработат, учениците подолго ќе престојуваат во училиште

Министерството за образование и наука информира дека наставата од деновите на гласање - 24 април и 8 мај, како и од 30 ноември кога беше организиран Самитот на ОБСЕ...