fbpx

СДСМ: Образовниот систем треба да ги користи успешните европски модели

-

Македонскиот образовен систем треба да се потпира и да ги користи искуствата на успешните европски образовни модели, прилагодени на автентичните карактеристики на земјата, било констатирано на тематската конференција насловена „Состојбите во образованието – каде понатаму“, што ја одржала Комисијата за образование и наука на СДСМ, информираат преку соопштение од опозициската партија.

На конференцијата учествувале претставници на повеќе општински организации на СДСМ.

„Се разговараше за решенија за клучните проблеми во образованието, поврзани со наставната програма во основните и во средните училишта, проблемот со неквалитетните учебници, моделите на евалуација и на оценување, несоодветното финансирање на науката и целосно нарушената автономија на универзитетот“, се вели во соопштението од СДСМ.

Оттаму додаваат дека Комисијата за образование на СДСМ во наредниот период ќе одржи вакви тематски конференции во повеќе градови низ Македонија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Ниту едно од поглавјата за преговорите со ЕУ не е отворено

Во својата програма за парламентарните избори во 2020 година, СДСМ вети дека 80 отсто, односно 25 од 33 поглавја за влез во ЕУ, ќе бидат отворени до крајот на нивниот...