fbpx

СДСМ: „Нова“ емитувала 1.545 секунди позитивни прилози за ВМРО-ДПМНЕ, а за СДСМ ниту една

-

„Медиумите под палката на Никола Груевски и на ВМРО-ДПМНЕ продолжуваат да шират невистини и да ја бранат „фамилијата“ од криминалот за последните 10 години. Полека, но сигурно, приматот на прв медиумски пропагандист го зема телевизијата „Нова“ на Сеад Кочан“, се вели во соопштението на СДСМ.

Од опозициската партија додадаваат дека за само три дена, според надзорот по идентична методологија утврдена од ОБСЕ/ОДИХР, телевизија „Нова“ емитувала 1.545 секунди позитивни прилози за ВМРО-ДПМНЕ.

– Позитивни прилози за СДСМ нема. Но, затоа, телевизијата „Нова“ емитувала дури 1.014 секунди негативни прилози за СДСМ. За ВМРО-ДПМНЕ нема ниту една секунда негативен, ниту неутрален прилог – се вели во соопштението на СДСМ.

Оттаму потстетуваат дека Сеад Кочан е сопственик и на „Трансмет“ и на телевизијата „Нова“ и дека само во една година, само преку Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство, добил тендери тешки близу пет милиони евра, пари на граѓаните.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Распишан конкурс за наградата „23 Октомври“

Одборот за доделување на државната награда „23 Октомври“, распиша конкурс за доделување на државната наградата за 2024 година. „Со државната награда се оддава највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа...