fbpx

СДСМ: Непримерни се изјавите на грчкиот претседател Павлополус

-

Грчките политичари со изјави како таа на претседателот Павлополус, потврдуваат дека наместо фокусирање на политиката на 21 век, којашто подразбира интегрирање, дијалог и меѓусебно почитување, сè уште живеат во минатото, велат од СДСМ.

„Ваквите ставови на грчките политичари не одат во насока на подобрување на односите на Република Македонија со Република Грција. Очигледно дека Грција не може да се помири со реалноста. Република Македонија, македонскиот јазик, македонскиот идентитет се реалност. Непримерни се изјавите на грчкиот претседател Прокопис Павлополус“, велат од СДСМ.

Грчкиот претседател Прокопис Павлопулос изјави дека Грција не планира да го поништи ветото за Македонија за влез во ЕУ и за НАТО сè додека не се реши спорот за името.

Павлопулос, за време на посетата на гробовите на Античка Македонија, во близина на северниот грчки град Негуш, истакна дека тие што го оспоруваат грчкиот идентитет на Македонија не можат да очекуваат дека Атина ќе го тргне ветото и ќе им дозволи да влезат во Европската Унија и во НАТО.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Гранатирани инфраструктурни објекти во Запорожје и Одеса

Руски проектили погодија индустриска инфраструктура во градот Запорожје, информира Регионалната воена управа на Запорожје, пренесува Укринформ. Утрово, руската армија лансираше балистичка ракета од привремено окупираниот Крим и врз инфраструктурен...