fbpx

СДСМ: Нема повеќе никакви пречки за Иванов да го даде мандатот за нова влада

-

Не постојат повеќе никакви пречки мандатот за нова влада веднаш да биде доделен, а Ѓорге Иванов нема повеќе никакви изговори за да ја исполни својата уставна обврска кон граѓаните на Македонија, се вели во редовното утринско соопштение на СДСМ.

Од партијата алудираат на одлуката за изборот на Талат Џафери за нов претседател на Собранието, која денеска е објавена во „Службен весник“.

Оттаму нагласуваат дека државен интерес на македонските граѓани е да добијат влада што ќе ја придвижи земјата напред кон евро-атлантските процеси и ќе обезбеди квалитетен живот за сите.

„Ќе биде реафирмирана и програмата на новата реформска влада што ја гарантира унитарноста и независноста на државата. На граѓаните на Република Македонија итно им е потребно смирување на политичката и на економската состојба во државата. Затоа ова е врвен државен интерес и секое спротивставување на мирен трансфер на власта повлекува одговорност. Ги повикуваме сите во државата конструктивно да се вклучат во демократските процеси“, стои во соопштението на СДСМ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...