fbpx

СДСМ: Не учествувајте во ново противзаконско задолжување

-

Никола Груевски и неговите послушници очигледно немаат намера да се откажат од извршувањето на најголемото финансиско злосторство и со глава в ѕид се обидуваат да им натоварат нов незаконски долг од 650 милиони евра на граѓаните и на идните генерации, велат од СДСМ во соопштение до јавноста.

Од паријата порачуваат дека никој нема да биде амнестиран за своите постапки во евентуалното ново противзаконско задолжување на граѓаните.

– Од јули 2014 година до денес, ова е третпат Груевски да ги задолжува граѓаните со еврообврзница. При секое издавање, образложението е дека средствата ќе се користат во наредните две до три години. Груевски и Миноски повторно лажат, бидејќи со ребалансот на буџетот во ставката депозити, не планираат да пренесат средства во 2017 година – се додава во соопштението на СДСМ.

Оттаму потсетуваат дека со издавањето на еврообврзница со веќе почнатата процедура ги кршат Законот за Влада, Законот за јавен долг, Законот за буџет и Кривичниот законик на РМ.

– Ги повикуваме уште еднаш сите раководни лица кои се инволвирани во издавањето на еврообврзницата, по досегашната постапка, да ја преиспитаат својата одлука. Еврообврзницата не се издава за исплата на плати, пензии, субвенции и на социјални трансфери. Граѓаните треба да бидат спокојни. Средства за редовните трансфери има и ќе има. За тие цели пари во буџетот се обезбедени, дури и без ребаланс.Овие 650 милиони евра, на товар на граѓаните, ѝ се потребни на власта за криминалните проекти, од кои корист има само Никола Груевски, и за предизборна корупција – велат оттаму.

СДСМ ги повикува Владата и Министерството за финансии, транспарентно да ја објават состојбата на државната каса и да признаат дека нема потреба од толкаво задолжување.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...