fbpx

СДСМ: На вработените им доцнат платите, а директорите си ги зголемиле

-

Директорите на охридските општински јавни претпријатија своите плати ги зголемиле за 10.000 денари, во исто време додека на вработените им доцнат платите, обвинија денеска од општинска организација на СДСМ.

– Вработените работат за плата не поголема од 15.000 денари, а имаме сознанија дека директорите преку ноќ си донеле одлука, преку нивните управни одбори, да ги зголемат платите за 10.000 денари и сега им изнесуваат повеќе од 46.000 денари, наводно поради големиот обем на работа и квалитетно сработени задачи – рече советничката Жаклина Лазареска.

Таа додаде дека во јавните претпријатија голем број од вработените одат на принуден одмор и земаат 70 проценти од платата, а истовремено на нивните места се вработуваат членови на владејачката партија кои се без соодветно знаење и искуство.

Лазареска праша дали во дадениот отчет на градоначалникот Никола Бакрачески, во кој е прикажано дека за потребите на јавните претпријатија се издвоени повеќе од пет милиони денари, во износот се вкалкулирани и зголемените плати на директорите.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Грчкиот дипломат Рокас доаѓа на местото на Дејвид Гир како амбасадор на ЕУ за С. Македонија

Жосеп Борел, високиот претставник на Европската Унија, номинираше 44 нови шефови на делегации на ЕУ, вклучително и нови амбасадори на ЕУ во Босна и Херцеговина, Црна Гора и Северна...