fbpx

СДСМ напладне со централна дебата „Градиме едно општество за сите“

-

СДСМ денеска во 12 часот на Скопски саем ќе одржи централна дебата на тема „Градиме едно општество за сите“, на која ќе се презентира петиот столб од „Визијата за Македонија“, кој предвидува едно општество за сите, без поделби по етничка основа.

На дебатата, програмата „Визијата за Македонија“ ќе ја споделат членот на извршниот одбор на СДСМ, Едмонд Адеми, носителот на столбот „Партнерства за демократска Македонија“, Стево Пендаровски, членот на извршниот одбор Петар Атанасов, членот на извршниот одбор Аднан Џаферовски, претседателот на комисијата за култура, Роберт Алаѓозовски, претседателот на комисијата за локална самоуправа Дејан Павлески.

„Градиме едно општество без поделби и дискриминација по каква било основа. Актуелната власт етничките разлики безобразно ги користи за да ја маскира нефер распределбата на доходот. Целта им е тема да биде национализмот, а не животниот стандард на граѓаните, кој вртоглаво паѓа. Затоа власта подгрева етнички тензии и стимулира вештачки раздор по секакви основи. Мнозинството граѓани, без разлика дали се Македонци, Албанци, Турци, Срби, Роми, Бошњаци или други, да се занимава со поделби, додека се богати малата група на власт“, велат од СДСМ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Почина Велибор Џаровски – Џаро

По кусо боледување, денеска на 75 години почина Велибор Џаровски-Џаро, еден од најпознатите менаџери на просторите на бивша Југославија. Здравко Чолиќ, Мишо Ковач, Маја Оџаклиевска, Оливер Драгојевиќ, „Бијело дугме“, Тереза...