fbpx

СДСМ: Миноски противзаконски ја издал еврообврзницата без правно мислење

-

Министерот за финансии Кирил Миноски ги лажел странските кредитори и медиуми дека е обезбедено потребното мислење за правната важност на еврообврзницата од Министерството за правда, велат во соопштение од СДСМ.

Од партијата тврдат дека Миноски самиот признал дека дополнително ќе барал мислење од Министерството за правда.

„Ова е скандалозно бидејќи министерот за финансии постапил противзаконски! Ова е директно прекршување на Законот за јавен долг, член 18, став 6. Министерството за финансии морало да обезбеди претходно потврда за правната важност на еврообврзницата. Според допис којшто е испратен од Министерството за финансии, агенцијата „Ројтерс“ и другите медиуми објавија дека издавањето на еврообврзницата е усогласено со Министерството за правда.  Сега е јасно зошто со денови молчи министерот за правда, Валдет Џафери, на прашањето дали Министерството за правда издало мислење за правната важност на еврообврзницата. Го предупредуваме министерот Џафери, дека покрај другите нелегални дејства во моментот на издавање на еврообврзницата, ставката странски задолжувања во буџетот за 2016 е 370 милиони евра!  Ребалансот на буџетот сè уште не е усвоен во Собранието на Р.Македонија. Министерот за правда Владет Џафери добро нека размисли дали ќе биде соучесник во извршување на ова финансиско злосторство! Укажуваме дека сите инволвирани лица во издавањето на незаконската 450-милионска еврообврзница ќе мора да понесат одговарност“, стои во соопштението на СДСМ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Во Нежилово одржана работилница на која 12 млади изработија стрипови

Во село Нежилово, од 18 до 21 април беше организирана четиридневна едукативна стрип работилница, на која 12 млади таленти од различни градови кои цртаа стрипови. Потоа, заедно со нивниот...