fbpx

СДСМ: Македонија ќе биде исфрлена од ЕЕЗ ако не го либерализира пазарот на струја

-

Македонија би можела да биде исклучена од Европската енергетска заедница доколку во следните два месеци не ја реализира меѓународната обврска за целосна либерализација на пазарот на струја, тврди опозициската партија СДСМ.

„Бараме Владата веднаш да постапи во согласност со препораките од Европската енергетска заедница. Во спротивно, сите одговорни во Владата ќе се соочат со одговорност и за исклучувањето од ЕЕЗ што ѝ се заканува на Македонија, за енергетските и за економските последици врз граѓаните и врз државата, бидејќи земјава ќе биде единствената изолирана на Балканот, и за дополнителниот дипломатски срам“, стои во соопштението.

Според СДСМ, членството на Македонија во Европската енергетска заедница била првата подадена рака за земјата од ЕУ.

„Ова членство ја стави Македонија рамо до рамо со земјите од ЕУ. Силната поддршка од Европската енергетска заедница во минатото, во голем дел придонесе за позитивните извештаи што ги добиваше Македонија од ЕУ. Оваа нелегитимна и корумпирана власт на Груевски, очигледно не сака никакво членство во ЕУ и сака да ја турне Македонија во уште поголем ендек. Силните критички пораки, директно од директорот на Секретаријатот на Европската енергетска заедница, Јанез Копач, дека „штетните владини политики ја водат Македонија во сè поголема изолација од меѓународната заедница“, се само уште една потврда на предупредувањата дека Груевски и групата околу него ја уништува иднината на државата за лични цели“, стои во соопштението.

Од партијата велат дека цената на електричната енергија за домаќинствата не се чува ниска со непочитување на договорите со ЕУ, туку со зголемено домашно производство, со намален увоз на електрична енергија и со оптимално искористување на домашните капацитети.

„Либерализацијата на пазарот со електрична енергија е процес што дава можност за уште пониски цени и во којшто е стеснет просторот за малверзации и за корупција“, велат од СДСМ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

По вторпат транспортирано лице со мозочен удар од Унгарија со полициски хеликоптер

Лице со мозочен удар денеска беше превезено од Уггарија во земјава со полициски хеликоптер на МВР, опремен со потребна медицинска опрема за таков лет. Ова е вторпат да се...