fbpx

СДСМ ќе поднесе четири тужби до Управниот суд

-

СДСМ до крајот на денот ќе поднесе четири тужби до Управниот суд што се однесуваат на гласањето во избирачки места во изборната единица 6, соопшти денеска портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов.

– Управниот суд е должен да ги земе предвид сите основани аргументи во тужбите. ДИК не одговори на сериозната задача за целосна заштита на изборниот процес во делот на одлучувањето по приговорите. Институциите мора да работат во служба на граѓаните – изјави Шилегов.

ДИК ги отфрли сите преговори на СДСМ, а прифати само еден од осумте приговори на Беса, односно го поништи гласањето на едно избирачко место во Гостивар, каде што друго лице се потпишало на местото на Фатиме Сулејмани, што беше констатирано и од официјален графолог.

Претходно Движењето Беса за „Мета“ соопшти дека нема да поднесе тужби до Управниот суд по одлуките на Државната изборната комисија бидејќи се сомневаат во неговата независност и однапред ја знаат неговата одлука.

Во меѓувреме, тече 24-часовниот рок за тужби до Управниот суд. По поднесувањето на тужбите, пет судии од Управниот суд, избрани по пат на жрепка, во рок од 48 часа на јавна седница треба да одлучат како ќе се постапува по тужбите, а одлуките во рок од 24 часа треба да се објават на веб-страницата на судот, како и на веб-страницата на ДИК. Одлуките на Управниот суд треба да го содржат и начинот на гласање на секој судија поединечно.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...