fbpx

СДСМ: Кардиологија остана само со еден антибиотик со кој ги лечат сите пациенти

-

„Никола Тодоров веднаш да излезе и да каже дали Клиниката за кардиологија е оставена само со еден антибиотик и зошто? Според информации од лекари, на клиниката во моментов има само еден антибиотик што им го даваат на сите пациенти кои се болнички згрижени“, се вели во соопштението на СДСМ.

Во него, исто така, се додава дека „лекарите стравуваат дека со ваков начин на лекување може да им се случи нешто лошо на оперираните пациенти, за кои тие одговараат“.

– Бидејки има само еден антибиотик, тие биле принудени да им ја сменат терапијата на пациентите и да го даваат истиот лек на сите. Ова е скандал, особено ако се земе предвид дека станува збор за тешко болни, со операции на срце. Тодоров треба да излезе и да каже дали на лекарите им е забрането да им соопштат на семејствата на пациентите дека лекови нема. За состојбата, според информациите што ги имаме, лекарите им дојавувале на семејствата на болнички згрижените пациенти, за да можат тие да им го купат соодветниот лек – се вели во соопштението на СДСМ.

Од опозициската партија велат дека „власта во соработка со медиумите под контрола, спречува јавноста да ја дознае вистината за тоа што се случува во здравството“. Според нив, на Клиниката за кардиологија веќе два месеца немало дури 70 проценти од потребниот медицински материјал за лекување и за третман на пациентите.

– Недостигаат и лекови за крвен притисок, што пациентите морале да си ги купуваат сами. Пациентите се принудени да си купуваат сами дури и батерии за холтерите за ритмии. Никола Тодоров и власта на Груевски не ја интересираат пациентите, туку само тендери – се додава во соопштението.

Во него се заклучува дека и Светска банка констатира дека трошоците во здравството се неефикасни, пациентите плаќаат од свој џеб, долговите на болниците се зголемуваат, а една од причините е што Министерството за здравство им наложува програми на здравствените установи кои тие ги реализираат, а не им префрлува целосно пари за тоа.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Оживува пропагандата за непостоечка продажба на органи од украински војници

Проверувачи на факти од Украина веќе пишуваат дека ова видео претставува дел од руската пропаганда. Центарот за борба против дезинформации објавува на Фејсбук дека станува збор за невистина. Во...