fbpx

СДСМ: Изјавата на Вајгл е потврда дека Груевски од личен интерес ја продлабочува кризата

-

Домашната и меѓународната јавност очекуваат државничко однесување од Собранието на Република Македонија и од институцијата претседател на државата, кои мора да овозможат составување нова влада, велат од СДСМ.

„Слушна јавноста во Македонија од пратеник од Европскиот парламент, кој беше дојден во Македонија заедно со еврокомесарот Јоханес Хан, дека Никола Груевски бил решен да оди „до крај“ затоа што не сакал „да оди во затвор“. Ова е потврда од самиот Груевски на сè што предупредуваме, дека тој исклучиво за лични интереси ја продлабочува политичката криза. Недозволиво е граѓаните и Република Македонија да бидат заложници на стравовите на Груевски“, велат од СДСМ.

Од партијата додаваат дека низ институциите на системот, ќе биде избран новиот претседател на Собранието и тој ќе го извести претседателот Ѓорге Иванов дека е должен веднаш да му го даде мандатот за составување влада на лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Кривични пријави за шестмина инспектори зашто не пломбирале „диви“ менувачници на Бит пазар

Против шест лица С.Б.(32), Ј.Р.(54), В.М.(47), Б.С.(46),С.С.(61) и Р.Б.(37), државни пазарни инсектори, се поднесени кривични пријави за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“, информира Министерството за...