СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ со меѓусебни обвинувања кој јадел лосос и ракчиња

СДСМ тврди дека Владата трошела милионски суми народни пари за лосос, ракчиња, октоподи и други ексклузивни јадења, а ВМРО-ДПМНЕ возвраќа со контраобвинување дека токму сегашната опозиција додека била на власт јадела лосос, ракчиња, но и јастози

-

Полемика се разгоре меѓу власта и опозицијата околу набавките на храна за Владата, откако СДСМ обвини дека функционерите на премиерот Христијан Мицкоски уживаат во луксузни деликатеси, вклучувајќи лосос и ракчиња додека граѓаните се соочуваат со економски потешкотии. ВМРО-ДПМНЕ возврати со иста мера посочувајќи дека станува збор за „лажна вест“, односно токму функционерите на СДСМ додека биле на власт јаделе лосос и ракчиња, но и јастози.

Во своето соопштение, СДСМ тврди дека Владата трошела милионски суми народни пари за лосос, ракчиња, октоподи и други ексклузивни јадења, додека платите на граѓаните не се доволни ниту за основните намирници. Според опозициската партија, ова е доказ за „расипничкиот и одлепен од реалноста“ карактер на актуелната власт.

Од друга страна, ВМРО-ДПМНЕ негира дека нарачувале лосос и ракчиња туку станува збор за рамковна спогодба за набавка на храна, која се користи само доколку има потреба за официјални делегации, а не дека таква храна навистина била набавена.

Тие ја обвинија претходната влада на СДСМ, поточно поранешниот премиер Зоран Заев и поранешниот министер за здравство Венко Филипче, кој сега е лидер на опозицијата, за корупција и нелегално стекнат имот. Тие тврдат дека Филипче јадел луксузна храна од „украдени пари“ и дека Заев инвестира во згради во Дубаи.

Оваа вербална пресметка доаѓа во време кога јавноста е чувствителна на економските предизвици покачените цени на производите и стагнирачките плати, а политичките партии ја користат секоја можност за меѓусебни обвинувања пред претстојните локални избори.

Во Скопје одбележан роденденот на Горан Стефановски, легендарен деец на современата македонска култура

Во срцето на скопското Дебар Маало денес беше одбележан 27 април, роденденот на драматургот и јавен интелектуалец Горан Стефановски (1952-2018), чии драми и стихови имаат култен статус во современата македонска култура. Прославата...

Родители на загинатите млади во Кочани бараат одговорност и обвинуваат за притисоци

Родители на загинатите млади во трагичниот настан во Кочани вчера на протестен собир побараа одговорност од институциите и обвинија дека се соочуваат со притисоци и закани за апсење. На протестот, една од...

Во судар на мотор и електричен тротинет загина 16-годишно момче

Денеслк во раните утрински часови, во близина на трговскиот центар „Чаирчанка“ во Скопје, се случи трагична сообраќајна несреќа во која загина 16-годишен возач на мотоцикл. Извршен е увид од страна на...

Бегство во иднината

Емиграцијата на младите луѓе не претставува проблем само за општеството во Црна Гора, туку и за други места во регионот. Има многу студенти од други балкански земји со слична приказна. Кристијан...

Во Скопје одбележан роденденот на Горан Стефановски, легендарен деец на современата македонска култура

Во срцето на скопското Дебар Маало денес беше одбележан 27 април, роденденот на драматургот и јавен интелектуалец Горан Стефановски (1952-2018), чии драми и стихови имаат култен статус во современата...