fbpx

СДСМ и БЕСА потпишаа договор за коалиција на парламентарните избори

-

Лидерите на СДСМ и Движењето БЕСА, Зоран Заев и Биљал Касами потпишаа предизборен договор за заедничко учество на предвремените парламентарни избори на 12 април. Двете политички партии се договорија на претстојните избори да настапат со инклузивна предизборна програма. Предводникот на социјалдемократите порача дека договорот за коалицирање со БЕСА претставува нов историски момент за демократијата и за плурализмот во нашата земја.

– Владеењето на правото, човековите слободи и права, економскиот прогрес, солидарноста и толеранцијата, се столбовите на кои почива модерната македонска држава. Оваа коалиција се потпира токму на тие вредности, но и на одредбите и потребата за доследно спроведување на Охридскиот рамковен договор, Договорот од Преспа со Грција и Договорот за добрососедство со Бугарија. Со сите што цврсто стојат на овие принципи, има простор за разговор – изјави Зоран Заев.

Тој посочи дека СДСМ на претстојните избори ќе излезе со „најголема, најразнолика и најмоќна коалиција“ досега. Притоа, Заев упати апел до другите албански партии и коалиции од земјава дека нема да дозволат да бидат уценувани и нема да прифатат непринципиелни преговарања и договарања за учество во владината коалиција.

Официјализирањето на предизборната коалиција доаѓа откако лидерите на двете партии, Заев и Касами ги усогласија ставовите околу програмата и носителите на изборните листи.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Потпишан законот за забрана на ТикТок во САД, доколку апликацијата не биде продадена

Американскиот претседател Џо Бајден денеска го потпиша законот со кој во САД се забранува апликацијата во кинеска сопственост ТикТок, доколку не се продаде на американска компанија во рок од...