Живееме период во кој актуелната власт наметнува искривена слика за антифашистичката борба на Македонија. Придонесот на НОБ и на учесниците се понижува и се фрла во заборав со креирање лажна историја. 13 Ноември е можност да покажеме дека СДСМ се спротивставува на обидот за пресметка со историските горостаси, творците на независна Македонија, истакна Софија Куновска, претседателка на Градската организација на СДСМ, на денешната прес-конференција.
– Јубилејот 70 години 13 Ноември, Денот на ослободувањето на Скопје од фашизмот, СДСМ ќе го одбележи достоинтвено, со што ќе ја оддадеме должната почит кон хериоте што ги испишаа најсветлите страници на македонската историја. Градската организација на СДСМ подготви еднонеделно одбележување на 13 Ноември, кој го сметаме не само за празник што ја слави победата над фашизмот, туку е и симбол на човековата слобода, слободната мисла и говор, слободата на избор. Скопје денес ниту е слободно, ниту чекори напред. Фашизмот е победен пред 70 години, но ние имаме должност одново и одново да го препознаваме и да го победуваме. Затоа, нашата порака за овој 13 Ноември е: Херои од НОБ, Ви благодариме. Битката за слобода продолжува! Ова се исто така два симбола што наредната недела ние, социјалдемократите, ќе ги носиме на нашите ревери: Црвениот цвет со што ќе оддадеме почит на сите кои се бореа за победа на хуманоста над диктатурата, оние кои ја изборија слободата и црвената петокрака за да потсетиме на симболот под којшто таа победа беше оставарена. Наредните седум дена, од понеделник до недела, на 15 пунктови низ Скопје, младите социјалдемократи ќе им подарат вакви симболи на граѓаните на Скопје, кои заедно со нас ќе празнуваат. На самиот ден, четврток, 13 Ноември, во секоја општина ќе посетиме по неколку семејства на ветерани од НОБ, на кои со букет свежо цвеќе ќе им ја изразиме нашата почит и ќе им го честитаме јубилејот. Ќе одржиме и трибина со наслов „Антифашизмот 1944 и денес“, на којашто свое учество ќе земат и борците од НОБ. 70 активисти кои ќе симболизираат 70 години победа над фашизмот, во секоја општина во Скопје со пригодна прошетка ќе ги обиколат дел од обележјата од НОБ и ќе положат цвеќе. Ќе положиме свежо цвеќе на Партизанските гробишта во Бутел, на гробот на генералот Михајло Апостолски, како и на споменикот на ослободителите на Скопје, на платото пред Владата на Република Македонија. Почитувани граѓани, Ве повикуваме да се вклучите во ова достоинствено одбележување на 13 Ноември, Ден на ослободувањето на Скопје од фашизмот. Заедно да им оддадеме почит на борците од НОБ, кои го поставија темелот на независна Македонија – рече Куновска.