Трајановски ќе мора да им одговори на граѓаните зошто три години не ја прифаќаше мерката што ја предложи СДСМ за бесплатен автобуски превоз, туку чекаше отровниот воздух да го загрози здравјето на граѓаните и особено здравјето на децата, реагираше СДСМ на денешната прес-конференција на градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски, на која тој најави мерки за намалување на загадувањето.

„Денешниот потег на Трајановски потврди дека криминалната власт на којашто ѝ припаѓа нема системски политики за справување со загадувањето на воздухот, кое тие го предизвикаа со исечените зеленила и паркови и со непланските градби за бизнис-интереси“, порачува СДСМ.