fbpx

СДСМ го обвини Вељаноски дека свесно ја одолговлекува конститутивната седница

-

На осмото продолжение на конститутивната седница на Собранието, која заврши во 18 часот, пратениците повторно расправаа за тиранската платформа, си ја префрлаа вината за актуелната политичка криза и за блокирањето на институциите.

Пратеникот на СДСМ, Александар Кирацовски, за ова однесување на пратениците го обвини претседавачот на Собранието, Трајко Вељаноски.

Тој рече дека Вељаноски е одговорен што со неговата несовесна и неделовничка работа, свесно ја одолговлекува конститутивната седницата, на која на дневен ред е изборот на членови и на претседател на Комисијата за избори и за именувања и изборот на претседател на Собранието.

„Не се држите до деловникот, кој Ве обврзува да го одземете зборот на пратениците, и го поттикнувате одолговлекувањето на траењето на седницата. Вељаноски е алка во злото на ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи се толерираат дискусиите кои се на штета на граѓаните, се трпат дискусиите кои се тафтологии и се полни со лаги и со манипулации“, изјави Кирацовски и го повика Вељаноски или да работи деловнички или да го напушти столчето.

Вељаноски на тоа му одговори дека тој го почитува деловникот, но не е во ред да им се одземе зборот на пратениците бидејќи го обвинуваат за селективност.

„Добро е пратениците на СДСМ што се откажаа од реплики, но преку процедурални забелешки го трошите времето“, одговори Вељаноски.

Пратеникот на СДСМ, Оливер Спасовски, бараше да се продолжи седницата сè додека не се исцрпи дебатата. Вељаноски го одби со образложение дека за три часа, колку што максимум ги продолжувал седниците, нема да завршат бидејќи само 39 пратеници се пријавени за реплики и седницата ја закажа за утре во 11 часот.

Денеска речиси сите пратеници на СДСМ и на коалицијата го напуштија осмото продолжение на конститутивната седница на Собранието затоа што, како што кажаа, таму се говори за сè освен за точките на дневен ред.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Бизнисот на задоволството“ доби награда за најдобар долгометражен филм на фестивал во САД

Филмот „Бизнисот на задоволството“ на авторот Гоце Цветановски ја доби наградата за најдобар долгометражен филм на „Риверсајд Филм фестивал“ во Калифорнија, САД. Фестивалот, што се одржа од 10 до...