fbpx

СДСМ ги повикува новинарите да кандидираат членови во ад ход телото за медиуми

-

Социјалдемократкиот сојуз на Македонија денеска упати повик до сите новинари – професионалци, професионални новинарски здруженија, граѓански организации, да се кандидираат или да кандидираат други лица од оваа област за членови во ад хок телото што ќе врши надзор на однесувањето на медиумите во предизборниот период.

Истиот повик, како што изјави заменик-претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска, СДСМ го упатува и за кандидатите за главен и одговорен удредник на Македонската радио-телевизија.

„На Македонија ѝ треба и поинаква политичка култура. Македонија не се политичките партии, ниту една, ниту четири, туку нејзините граѓани. И за нив, партиската држава во каква што се претвори Република Македонија е лоша држава. Затоа сметаме дека дел од промените во Македонија се токму промените во овој дел. Промените кои сметаме дека треба да ѝ се случат ги почнуваме и ги почнавме и од себе. Затоа, СДСМ јавно упатува повик до сите поединци – професионалци, професионални новинарски здруженија, граѓански организации, сами да се кандидираат или да кандидираат други професионалци од оваа област за членови во ад хок телото што ќе врши контрола и надзор на однесувањето на медиумите во целиот предизборен период. Истиот повик го упатуваме и во поглед на кандидати за главен и одговорен уредник на Македонската телевизија. Граѓаните имаат право да ја слушнат вистината, а не само партиски платени лаги“, изјави Шекеринска.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бујар Османи не ги прекинува предизборните активности

Од објавените наслови се добива впечаток дека Османи се откажува од претседателската трка, а вистината е дека поради здравствени семејни причини ги откажа предизборните активности на 16 април. Но,...