fbpx

СДСМ: Фамилијарно-тендерските политики на Груевски, поважни од здравјето на граѓаните

-

СДСМ денеска повторно ја обвини Владата дека не презема мерки за намалување на загаденоста на воздухот во Македонија.

„Граѓаните во Македонија со месеци дишат загаден воздух, полн со канцерогени честички ПМ10, кој е штетен за нивното здравје. Податоците од мерните станици покажуваат загадување на воздухот и во вечерните и во утринските часови. Според последните податоци, загадувањето на воздухот во Скопје речиси петпати ја надминува дозволената граница, во Битола седум пати, додека воздухот во Кичево, Кавадарци и во Тетово содржи четирипати повеќе канцерогени честички ПМ10 од дозволеното“, стои во соопштението.

Од партијата наведуваат дека провладините медиуми го кријат проблемот „штитејќи ги криминалните фамилијарно-тендерски политики на Никола Груевски и на ВМРО-ДПМНЕ“.

„Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ потрошија 630 милиони евра за споменици, а граѓаните на Македонија дишат загаден воздух полн со опасни, канцерогени честички. Само дел од овие 630 милиони евра можеа да се инвестираат во животната средина и целосно да се реши проблемот со загадувањето на воздухот“, стои во соопштението на СДСМ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...